време (имн.) - излезе (гл.)

- Командирот, каде е командирот? - праша тој. - Таму - покажа некој со глава на олтарот и во исто време излезе од олтарот командирот, опашувајќи го офицерскиот појас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едно време излезе и ете го иде право кај заробениците.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По малку време излегла Босилка од куќа и си седна на ругузината.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По едно време излегоа уште неколкумина оџи и се разиграа околку мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крвник по кусо време излезе и вознемирено шеташе горе-долу пред прагот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По кратко време излезе и ми даде еден леб, ама не таков свеж, мек, бел и вкусен како тој што го јадеше Мони утрината, туку еден истуткан и стар леб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По некое време излезе на паркингот за да види дали надвор излегле да си играат други деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Нема друг, се потроши, - како да ми ги прочита мислите, - другпат доаѓај порано, - и ми го сврти грбот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)