Но во последно време почнав да забележувам некакви малерозни знаци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Досега никому не му текнало така да се пошегува со големиот Еди Краста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од пред извесно време почнав да читам исклучиво стручна литература од областа на психологијата, односно (да не бидам еуфемист) психијатријата, и откако се пронајдов во, речиси, повеќето патолошки случаи, дури тогаш маф ми беше работата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со време почна да се преиспитува дали можеби проблемот не е кај него и дали нивната бездетност не е последица на повторената гонореја, што ја закачи на едно исто место: еднаш како студент, уште при првото телесно искуство во една сомнителна јавна куќа во прикрајоците на градот во која го пречека поостарена, нападно нашминкана дебелникава анимирка што ја доби за евтина цена, и којашто не му го покажа жолтиот картон со седмично извршениот лекарски преглед (и кој, впрочем, во тоа време ни самиот не знаеше да го побара); и вторпат, со една млада бринета на која, пак, жолтиот картон ѝ беше сосем исправен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Години со ред, со него доаѓаше и Јон, единственото машко дете на млекарот, кое со тек на време почна сѐ поредовно да го заменува татка си, сѐ додека, не стави и самиот каскет на глава и не почна, место татка си, самиот редовно да го разнесува млекото. Никој не знае кога Јон и Рашела се загледаа еден во друг, важно тоа се случи и сите го знаевме, особено по руменилото болснато на образите на Рашела, која од тремот, сета збунета, влегуваше во одаите со лонецот пресно млеко во рацете. Така ние почнавме да се потсмеваме еден со друг кога ќе ја видевме Рашела како, во првата квечерина, внимателно загледана во огледалото, ја зачешлува густата црна коса, пред доаѓањето на Јон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа толку срасна со нас, што понекое време почна да го говори јазикот на семејството.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
По Гурѓовден — бачило, секоја година излегуваше од Прилеп авалеџијата да собира арач, беглик; па дури и владичкото во последно време почнаа да го собираат авалеџиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Генералот потстана да ѝ подмести стол на советничката, докторот се наведна да ѝ бакне рака на домаќинката; па сите седнаа, се погледнаа, се насмевнаа и во исто време почнаа да зборуваат, испивајќи го кафето: - Како сте? Како спиевте?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не сакав да си признам, ама едно време почнав секоја вечер в постела него златниот да го молам, да му велам: „Боже! Боже!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самата нормалност веќе не е доволно нормална за да им го поткрепи на геј-луѓето чувството за сопствената вредност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би ги изневериле луѓено со својата здодевност и баналност кога ќе разберат дека во недела попладне одиме во супермаркети, дека си ги носиме децата на училишни претстави и дека гледаме филмови’“.456 Избирањето геј за претседател, наводно, не би сменило ништо: никој нема да ја види разликата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За жал, кон македонските националисти во последно време почнаа да се придружуваат и луѓето на Организацијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но, за мене не е најлошото тоа што тој не сака да верува во Господ, туку што во последно време почнува да ја губи вербата и во световните Богови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Акакиј Акакиевич извесно време почна да чувствува дека нешто почна некако премногу силно да го пробива во грбот и во рамото, и покрај тоа што тој се трудеше колку што е можно побргу да го претрча вообичаеното растојание.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој просто не знаеше што да прави, каде да ги скрие рацете, нозете и целата своја фигура; најпосле седна покрај оние што играа, гледаше во картите, се загледуваше во лицето на еден па на друг и по извесно време почна да се проѕева, да чувствува дека му е здодевно, дотолку повеќе што веќе одамна настапи времето кога тој, според обичајот, одеше на спиење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Починал во Бон во 1985 година.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во тоа време почнал да пишува, објавувајќи шеесетина новели по весниците.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Додека луѓето од различни нации на Балканот војувале едни против други, зборовите и граматиките живееле во јазичен сојуз, кој не ја признавал војната, но со текот на времето почнал да им се потчинува на победниците!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Уште повеќе, делата на труповите и труповските идеологии во одреден момент на Маргина 36 33 повоеното време почнаа да доминираат со јавната сцена, грабајќи ги академските титули, универзитетските катедри, офицерските чинови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По некое време почнаа и кучињата да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Едно време почна да се крие од децата во плевната, за да не го мајтапат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
По извесно време почна да ѝ снемува пари и таа реши да застане во првиот следен град, да најде работа и така да го проживее остатокот од својот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така на крајот отиде до шалтерот за продажба на билети и го праша службеникот, „Кога би оделе каде би оделе?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа се приклучи во редот, внимателно сослуша што лицето пред неа му кажа на службеникот, ги повтори истите зборови и потоа патуваше било каде.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ама јас во последно време почнав често да правам прекини во работата од причини што јас се лекував, а за тоа причина беа моите нерви и алкохолот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Така јас после се залебив во социјалното каде што за кусо време почнав само за рушвет да работам додека не ме истераа и од тогаш пак му се вратив на приватниот бизнис.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)