Човек мора да има камено срце, како што рекол Оскар Вајлд, за да чита за смртта на малечката Нел без да се изнасмее.
Сега можеме да видиме како злогласно надмениот однос на машката геј-култура, нејзиното повремено идентификување со аристократијата и исходниот обичај да се смее на ситуации што им се ужасни и трагични на средните сталежи, имаат јасна и важна стратешка улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Аристократите се смеат на околности што ѝ се ужасни и трагични на буржоазијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, би се рекло.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, општествените и политичките контексти на машката геј-култура честопати ќе ги даваат клучевите за нејзино разбирање, како и емпириската основа за толкување конкретни текстови, предмети и практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со такви средства, машката геј-култура добива одреден општествен и критички лост против оној вид хетеросексуална сентименталност чие полагање право на сериозност зависи од важноста да се биде стамен.307 Да се проѕрат таквите полагања право, да се разоткрие таа сериозност како поза, значи да се биде надмен од височина до која право на пристап може да ти даде само извесна повисока општествена положба – или, ако ја немаш, аристократство на вкусот.
Ако се чини дека геј-мажите си го потпираат опстанокот врз нагорната општествена подвижност, како што укажа Нил Бартлет – или ако машката геј-култура честопати изразува идентификување со повисоките сталежи или со гламурозноста, со убавината и со елитните културни практики и форми (како што е великата опера) кои изгледа дека ги исклучуваат масите – тоа не е затоа што геј-културата ги одразува интересите на некоја висока општествена каста, на мажи што ги уживаат повластиците на расната и на сталешката надмоќност и што и самите потекнуваат од повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)