Со наредната измена од јули 2010 година46 се менува чл. 70 од Законот и се предвидува дека паричниот надоместок се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година за корисниците на паричен надоместок над 12 месеци, наместо како што претходно се усогласуваше со стапката на пораст на просечната плата остварена во Републиката во претходната година, за корисниците на паричен надоместок над 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)