Змејко пооде доста по голината и дури потоа се потргна од трагата и застана в страна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Завршува голината и главнината влегува во боровата шума. Мракот згустува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш се чувствуваше ослободен од нешто замрсено и погано и мислеше само на тој снег, гледаше само наврнати дрвја пред себе и откриваше голинки и пресеки, по кои знаеше дека тука некаде поминува и патот, повеќе со некој инстинкт во себе, отколку по нешто видливо бидејќи сè што беше видливо, немаше ништо заедничко со тоа како изгледаа тие места лете, кога ја немаше оваа белина, кога беше сува земја и кога беше зелено.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)