голтка (имн.) - кафе (имн.)

По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обидував да ти дадам некоја голтка кафе, но и кафето не го сакаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Понекогаш ѝ се чинеше дека никогаш нема да ги сфати овие луѓе, помисли отпивајќи голема голтка кафе од шолјата со американско знаме.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така – ја испива последната голтка кафе (јас сум сè уште кај втората): Важи. Те чекам во вторник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)