господ (имн.) - ме (зам.)

Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едно влегување, Бошко падна на плочите: „Господару мил, и мене господ ме казни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господ ме казни, еве што сум сега.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Господ ме удри, Лазоре, велам, и Ѕвездан ми свисна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господ ме спаси од дрвен крст, па не сакам ни железен, им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене господ ме остави, велам, а човекот бил амбар, сѐ можел да собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па господ ме дал, господ нека ме земе, ќе си речам, и пак ќе се окуражам: - Ајде, бре, колете, ќе им речам, што чекате? Не се противам, ќе им речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)