Удри Господе по плукачите твои сите пилатовци, содомци и јуди до кога ќе гледаш на дрскоста нивна до кога ќе убиваат човечки души
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)