господ (имн.) - напред (прил.)

Во аголот огниште, над огнот обесен котел.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Гледаш свату, дојде ден и ред, со господ напред, и во твојата куќа, свирка да засвири, песна да запее, песна свадбинска!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЃОРШЕ: Со господ напред, амин!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОТЕ: А, хах!... Демек, сега детево твое, со господа напред, во Америка ќе оди?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Одевме кај што ни гледаа очите, кај што ќе чуевме дека има работа: сè на нозе, со господ напред, без парица, без ништо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со господ напред ќе можат и да се заградуваат за да бидат сами со себе, за да се запастрат од туѓите очи, за да можат, господи, слободно и да се соблечат и да се облечат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Шо са крстиш мори Петро? ја забележува Митра, мајка ѝ на Чана. Нов ден, мори Митро, со Господ напред!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе поручаме шо даде Господ, ќе си поприкажеме, а утре, со Господ напред, секој по својот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И си велам, ајде Јоне, со господ напред и со газот зад тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)