гради (имн.) - го (зам.)

Внимателно следеше: златестата пајажина сомотно развлечена по кожата на пробиените гради го менуваше патот на темната нишка и не ја запираше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, градејќи го бизнис рајот, рајот за странските инвеститори, често се заборава на цената на тој потфат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во градите го притискаше маѓепсната замолченост на сета вештичка шума, а колку се искачуваше погоре, празнината во стомакот почна да му се извива во една тапа болка, која одвреме навреме знаеше да му го згрчи и целото негово тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека шетаа по брегот, Томо со отворени гради го впиваше чистиот воздух во кој се чувствуваше мирисот на брезите, дабот и зелените борови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)