Не беше зима а беше смрзнувачка таа ноќ на Мостот на воздишките во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сал туку си увкав во дланките чекајќи го да дојде Владимир Пиштало, да удриме набрзина по еден натпревар во брзо и долго воздивнување, една воздишка еден век, па потем да ги напоиме воздишките со домашно вино во траторијата Мадона, ем да ги напоиме, ем да им испееме по некоја нашинска, (нашите песни се нагрнати со топли ќебиња) ама не ни текна да прашаме дали воопшто важат резервациите кога е ноќ на смрзнатите графикони во Венеција САН МИКЕЛЕ: СТРАВИНСКИ И БРОДСКИ ВО ЕДНА ПЕСНА Тие двајцата, најпосле се најдоа под една сенка, тука, на гробиштата на островот Сан Микеле, на пет минути со бродче од плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)