греда (имн.) - на (предл.)

Ги навлече дебелите чевли, излезе од тремот, скокна и се закачи за ниската греда на таванот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И се вратив на полумрачната соба и уште пред да се фрлам на сламарникот над кој гредите на таванот со закана се протегаа, влезе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слеп и глув, навистина, празен како празнана лејка што виси на ќошот од попречната греда на балконот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Побара вино да те лекува, сега лежи во плевнана и 'рчи. Дојди, ќе си поразговараме.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЛЕТНИК 1977 Полноќта одненадеж задуваа оние улави пролетни ветришта од кои крцкаа гредите на куќите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Навистина не можев да се движам и навистина горев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Обеси се“, му подвикнаа и му рекоа дека заради кобењето еднаш веќе самите ќе го обесат, и Сандре Самарија отиде со познатиот чекор на гусок да бара јаже и поздрава греда на некој таван.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гредата на покривот не стои на крајот како некој држач на знаме,“ објасни Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долу под гредата на која висеше железото, со кое се објавуваше крајот на работата - стоеше сопственикот на куќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)