гума (имн.) - од (предл.)

Дождот навистина упорно ги поливаше шофершајбните, додека конечно успеа да го извлече автомобилот на булеварот „Јане Санданаски“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И тогаш, кога Пандо ја отворил продавницата, тој тогаш внатре ја нашол таа Митана обесена на една греда крај ѕидот и под неа ставена една гума од некој камион за да си речат луѓето дека таа самата се обесила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас сепак го замислував вториот помошник како од нашата кола во нивниот шлепер ги префрла: прво кошницата со риби и месо, па кошницата со грозје и резервната гума од багажникот; а од колата моето конфекциско костумче за капење на коктелите и туткање на промоциите, обесено на закачалка за да се исправи за вечерниот прием, службениот магнетофон на Живко од Институтот за фолклор и монтираното радио на мерцедесот, кое за разлика од моторот, веќе не работеше (и покрај тоа што во Радио велев: „радио - не радио, свира ти радио”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Син шевролет со кремаст цврст покрив, со бели гуми од страните, со кадилачки раткапни и со вообичаени „кадилачки перки“ , нишајќи се влезе низ една од рампите и застана каде што работеше Бил Девит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)