Бодлер доживува слична состојба и кажува: „Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пријателите поетот Волкашин Нунески го викаа Нуне Волта, зашто тој, покрај поетските вдахновенија, во себе ја носеше дарбата за научни откровенија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А потоа додаде: „А јас ја имам само болката, а не и дарбата за поезија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И веднаш ги прегриза усните, затоа што сакаше да молчи за својот очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)