Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Вероломен двојник кој досега се таеше скриен во него, наеднаш излегува и го води, и лукаво му се потсмевнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Двајцата имаат право на задоволство: од 8 февруари Мертен лично со декрети што го носеа неговиот потпис под новата функција на воен управител за Егејот, ги стави во сила Нирнбершките антиеврејски закони и на оваа територија, врз основа на што солунските Евреи, обележани со давидовиот знак, се затворени во неколку гета, од кои едното, помасовно, се наоѓа до самата железничка станица.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)