Жената ми е пушката малихерка, а децата ми се дробните фишеци...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Маса гладни деца ми го велат тоа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Важно е дека детето ми се врати на правиот пат!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Јас спијам со него, касајот го делам и тој деца ми прави, ама штом вчера и чумата се јави во комшии, од ум не ми излегува дека тој е нашата невола, зашто се греши пред светецот, и треба да ја добие заслужената казна. Котел не му гине, нели оче?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Детето ми израсна! Детето се измени!“ - си мислеше дедо Димо гледајќи го, и радостен што внук му узрева, станува човек, и тажен што одминаа деновите кога крај себе гледаше весело, пргаво дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Само детето ми е доказ дека сум живеела.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Детето ми е и врата и прозорец.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жена улуглава трчаше де ваму, де таму, од возот до пампурот и обратно и на сет глас плачеше, викаше, молеше – чупчето, детето, ми го нема, људје, барајте, помозите, детето ми го нема, ми го нема чупчето...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А детето ми ги врти очињата, едно ваму, другото - онаму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одникаде да ми дојде. Тој не ми се јавува, а децата ми се губат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Децата ми заслабнаа, кожата им се проѕира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Горе децата ми плачат, долу кравата ми рика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јоле го виде детето Шаркоско и вели: Чије je ово прљаво дете, детето ми вели: Што ми рече, стрико Јоне, јас му велам: Те пофали, и детето почна да се радува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се омажив за човек кој со себе ги донесе двете свои деца. Многу ги сакаше. Остана дома да се грижи за нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Детето ми умре. Половиот нагон ми се поврати, па повторно се породив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секој ден заминував од дома за да заработам за живот, но ја мразев работата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)