Ристана и Димка ги поставија за говедари, а со имотот тие управуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога видоа жителите на Потковицата, особено војводите, Крсте Јаначески, Најдо Акиноски и Дамческите, Мирче и Даме, дека се пусти куќата и имотот на Ордана Голушка, дека жената и детето негово не ги бива за некоја полска работа, и нив и имотот нивни ги зедоа под свое.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас тргнав. Тогаш тој на детето негово му рече: - Ај подземи му од дрвата на другарчево.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ги поделивме дрвата со детето негово и, јас напред, тие по мене, влеговме дома.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како што Бог, испраќајќи ни и несреќи, го прави тоа затоа што знае што е добро за нас, како таткото што знае дека за детето негово поарно е да не се игра со оган, иако детето мисли дека родителот лошо му мисли, но добрината на тие забрани дури подоцна душата слаба детска ќе ја разбере и појми.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Почнал да си купуват: нивје, други стоки што му требало нему, ѕевгари волови сето това, дури и децата негови му биле способни, тие вредни биле, само дури биле сиромаси - не можеле ништо, ама сега и тие почнаа да работат, убаво да му врви работата напред.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Просто, задремале, само мислата е будна: нели ќе заборават сега децата негови да го истимарат коњчето, да ја покријат шталата, да го причестат и најмалото внуче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Децата негови завршија по домови, повеќе никогаш не ги видовме, ниту учителот, ниту Мила.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На ниедно од децата неговата насмевка и милозливост не им влеа доверба.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)