дефиле (имн.) - на (предл.)

Дефилето на Рада и Томо низ средината на салата предизвика восхит и кај машкиот, како и женскиот дел на гостите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Импознатно дефиле на фалш рифле фармерки, џишбоја тренерчиња, и шушкавец јакни необлечени од студентските денови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вториот дел од ревијата беше дефиле на крзнени палта или палта со крзнени елементи: на пример, раскошно крзно само ракавите или само ивиците на марамите, потоа муф - прекрасни крзнени „торбички“ за двете раце наместо ракавици, како и широки шубари на главите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И потоа ќе започне ново тиранство, враќање на првиот хаотичен поредок, на старата анархија, потиснатите омрази и пороци повторно ќе избијат, а со нив, минорните тирани на завршените циклуси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе продолжи дефилето на вековите, тираните ќе продолжуваат... Стигнуваме во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И на крајот светот секогаш ја победува историјата, на тоа потсетуваат и последните детски и мајчини пригушени крикови на камените пунски жртвени гробници во Картагина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На плоштадот стигнуваа првите окупаторски маршеви, ослободителите ја објавуваа победата, се одржуваа големите дефилеа на трудбениците, големите митинзи... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)