договор (имн.) - во (предл.)

Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во второстепена постапка, судскиот совет (во состав Љ. Неделковски – претседател, С. Спасеновска и П. Поповски), со Пресуда ја одби жалбата како неоснована и ја потврди првостепената одлука, донесена во корист на вработениот-тужител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој втор основ на тужбеното барање го темели врз правото стекнато преку Колективниот договор во кој се вели дека работникот има право на отпремнина од 12 месечни плати, иако според Законот му 266 следува минимум осум плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа одлука тужениот работодавач, преку својот полномошник (Б. Гачевска), благовремено ја обжалува пред Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа резултирало со потпишување на договорот во Плака (29 февруари 1944).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со договорот било решено да престанат непријателствата на ЕЛАС-ЕАМ со силите на ЕДЕС.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Британската интервенција на 4 декември 1944 ставила крај на надежите на Македонците за исвојување на своите национални права.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Користејќи го договореното со Нејскиот договор (1919) како и договорот во Севр (1920) за заштита на негрчките народности во Грција на 29 септември 1924 во Женева, Грција и Бугарија го потпишале договор т. н. “Калфов-Политис” со кој Македонците под Грција, грчката влада ги признавала како бугарско национално малцинство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај протестите за откажување на договорот во Либан, во врвот на раководството на КПГ преовладал ставот тој да се почитува, т.е. да се продолжи со преговорите за склучување на нови договори со граѓанските партии и со владата во бегство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По Првата светска војна на Балканот се поделиле две групи држави: Југославија, Романија и Грција приврзаници на статус квото и Бугарија и Унгарија за ревизија на договорот во Версај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Само еден месец по склучувањето на договорот во Плака, а согледувајќи дека се загрозени грчките национални интереси, во април 1944 КПГ донела одлука за расформирање на македонските организации СНОФ и СОВ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овој договор грчкиот парламент не го усвоил. Исто така реагирало и Кралството СХС.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дел од македонските борци и активисти не сакале да ја прифатат донесената одлука.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со потпишаниот договор во Либан (20 мај 1944) била запечатена судбината на НОВ на македонскиот народ во Грција, а била отворена врата за реставрација на предвоениот режим во Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Делот на Македонија под Грција зафаќал територија од 34.356 km² со вкупно 1.042.029 жители (329.371 Македонци; 314.354 Турци; 236.775 Грци; 15.108 Албанци и др. според податоците на Карнигиевата анкетна комисија од 1913), а според грчкиот попис од 1920 1.090.432 жители.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Настојувам да извлечам одговор, но Езерчени, како по договор в уста држат вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
8. Источна Румелија беше автономна област со центар во Пловдив, создадена со Берлинскиот договор во 1878 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По една недела од договорот во паркот зад стадионот, Томо со своето семејство, татко му, мајка му и сестра му седеа на празната трпеза во домот на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На имагинарното стратегиско шаховско поле на судбината како да беа само двајца противници - Кисинџер и Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој престана да зборува за една палестинска татковина (homeland) за да го обнови палестинскиот договор во Јордан и во Газа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пировата победа на Арафат ќе го доведе според словото на мировниот договор во Осло, во својата малечка Палестина, во Рамалах.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој свечено вети да го поддржи глобалниот мир, но тој го проголта, го охрабри склучувањето на сепаратно решение.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој контекст, неделното илустрирано списание "Нејшн", во коментарот во врска со постигнатиот договор во Крајова, ќе истакне дека "Титовото решение за македонското прашање, ... ќе ѝ даде на Македонија еднаков статус со Хрватска и Србија во федеративната заедница" и "ќе биде основа за елиминирање на натамошните недоразбирања меѓу Југославија и Бугарија и ќе може да отвори пат кон федерацијата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Посебно место во извештаите на американските известувачи имале настаните во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогонот на демократите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На 12 февруари 1945 година, по договорот во Варкиза со помош на Англија, на власт во Грција доаѓа десницата и земјата ја зафаќа граѓанска војна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние двајцата, брат ми и јас, не ги обожаваме баш овие семејни средби, иако понекогаш се и за нас корисни, кога ќе успееме да постигнеме некој договор во наша полза, или кога ќе договориме некаква заедничка акција, на пример, семејно патување, летовање, купување нешто поскапо и такви некои нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утрешниот состанок не ветуваше ништо пријатно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)