договор (имн.) - и (сврз.)

Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во 1868 година со Сојузнички договор и со Воена спогодба за оружена акција во Турција, Србија и Грција горните преговори за поделба на Македонија ги санкционираат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со тоа сите поранешни договори и спогодби заклучени од страна на Србија со балканските држави за поделба на Македонија престануваат да важат, а српската пропаганда во Македонија, најчесто во сојужништво со грчката и во дослух со Турците поведува остра борба против „бугарштината“, а за србизирање, односно грцизирање на Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нарушувањето на Берлинскиот договор и стамболовскиот режим крстени „самостојна национална” политика на Бугарија, на тоа политичко, каприциозно, неполнолетно недоносче, е втор удар за политичката слобода на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше готова веднаш да замине, ама прво мораше да го промени договорот и во корисник на имотот го стави името на ужалениот зет Кизо, кој остана да живурка со неа и со женичката Микица, којашто ги негуваше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во контекст на оваа измена кршењето на работниот ред и дисциплина веќе не се смета како лична причина на страна на работникот, а сега ваквото поведение е издвоено и подведено како засебна причина (на вина) поради која работникот може да добие отказ (чл. 15 од ЗИДЗРО/фев.13); в) новитет е обврската на работодавачот да ги наведе во писменото образложение основот за отказот кој мора да биде утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и докажаната основаност на причината која го оправдува отказот (чл. 17 од ЗИДЗРО/септ.10); г) се интервенираше и кај листата на неосновани причини за отказ дадени од страна на работодавачот, кои беа дополнети со неплатеното родителско отсуство како основ по кој не може да се даде „оправдан“ отказ (чл. 1 од ЗИДЗРО/дек.13); д) две промени претрпе и склучувањето на променет договор пред отказ, едната само техничко- терминолошка, а втората посуштинска.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Еднаш се бакнаа таму, а кога тоа требаше да се повтори, место право дома поминаа низ паркот - и без договор и без противење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Воведен е и посебен став, според кој одредбите од колективните договори и/или договорите за вработување со кои се утврдува дискриминација, се сметаат за ништовни!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак ако се одзве кога ќе ја повикаш И ако ја прифати поканата за заедничка вечера Отвори го пликот пред да ја кажеш нарачката Познат е големиот број невалидно изведени договори И лажни тестаменти Постојано мислиш: близу сум до среќата А сомнението ти шепоти: далеку си.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Инвалид на трудот, во смисла на овој закон, е осигуреникот кој врз основа на инвалидност ги остварува правата од пензиското и инвалидското осигурување (чл. 41, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, по ново, должникот кој ќе задоцни со исполнувањето на парична обврска долгува, покрај главнината, и казнена камата (чл. 266, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стапката на законската казнена камата се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ [референтна стапка] – што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10% во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8% во договорите во кои барем едното лице не е трговец...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Главата VIII на ЗРО носи наслов „Плаќање на работата“. Кај начинот т.е. видот на исплата, се вели дека работникот има право 150 на заработувачка [плата] – согласно со закон, колективен договор и договор за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А според ЗРО – сите мерки предвидени со овој или друг закон, како и одредбите на овој или на другите закони, колективните договори и договорите за работа кои се однесуваат на посебната заштита и помош на определена категорија на работници, а посебно на оние за заштита на инвалидите... не се сметаат за дискриминација, ниту смеат да бидат основа за дискриминација (чл. 8, ст.2sq од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во овој случај се покажа дека иако судот не донесе одлука, целата постапка ја водеше законски и правично.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, факт е дека иако во Договорот за работа пишуваше дека нема отказен рок, самиот судија ова го потенцираше како правен недостаток т.е. пропуст на договорот и предочи дека законски мора на работникот да му се даде отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Димитар Апасиев, на 5.II.2011, во Велес. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд – Велес е: П.бр. 940/06.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)