Да ги земев, а тоа ни на крај ум, можеби ќе ја подобрев нивната позиција кај наредбодавачите, ќе го дадев својот доказ - „за мојата дволичност”, додека сталиничката држава ќе имаше доказ и право да се пресмета конечно со вратениот емигрант.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Органите на државната управа и правните лица се должни на Државното правобранителство да му доставуваат податоци, докази и информации заради правна заштита на имотните права и интереси на РМ за потребите за постапување по конкретен предмет, во рок од пет работни дена (чл. 12, ст.1 од ЗДП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3.
Разбирање и вера
Ти се чини како да ги разбираш
празните места во историјата
темните периоди кои страдаат
од недостаток на материјални
докази и сведоштва.
Како да го насетуваш
топлиот бран кој доаѓа
од задграничните
предели на раз-умот
кајшто расудувањето се слева
во едно
со верата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Без вина, без доказ
и без причина: значи, без јасна цел.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)