А и никогаш не сум имала амбиции да се натпреварувам за најчиста домаќинка во градот! - рече тетка Марија и се насмевна гласно, при што стомакот повторно ѝ се затресе горе-долу, нежно допирајќи се од чинијата пред неа, која заѕвечка во ритам со нејзиното смеење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како што матната вода течеше и се впиваше сѐ подлабоко и подлабоко во теписонот, тетка ми панично притискаше со одзатнувалката во шолјата и наизменично викаше „аааах!“ и „ииии“, земајќи и испуштајќи воздух.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Спиро не го доразбра значењето на судбоносните зборови што ги изрече Влаинката Паца, но таа се потруди тој да си врзе во крпче дека без одлагање треба да ја земе со себе и да ја однесе дома во Брезница за да му биде домаќинка во куќата и друшка во животот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И пак се обидував да ја замислам како домаќинка во нашата куќа, како - ќе треба да се навикнувам, да ѝ викам мамо, не - не ќе можам!
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)