Сѐ на сѐ, бројот на уживателите веројатно би пораснал, иако, многу веројатно, не многу; а ова најмногу би се должело на тоа што поединци повремено би пробале дрога, што не претставува сериозен проблем доколку не постои кривична одговорност и црн пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иако и самото укинување на казните за уживателите на дрога би дало некои од овие резултати, вистинскиот ефект во криминалот и наркоманијата би зависел од начинот на на легализација на дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)