Андриќевиот и Селимовиќевиот онтолошки хоризонт е препознатлив во тематскиот корпус на романот: единката и заедницата, човекот и историјата, индивидуата и политиката етичкото и психолошкото димензионирање на ликовите во поширок контекст во кој архетипското проблеснува под романескниот дискурс.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Е, тука господа, доаѓаме до клучното: по ништо национализмот не се разликува од комунизмот, кога станува збор за единката и колективот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)