Ова може да биде позитивно за нашата уметност, бидејќи овие емоции вклучуваат спонтани реакции на природниот свет, донесувајќи чувства кои сѐ уште не се избришани од светот на телевизиските екрани и од потрошувачката рекламна машинерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Убав е, вели тој, со голем екран и во боја, со дваесет и четири канали.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гробниците, слабо осветлени од екраните и светлата, во кои луѓето седеа како мртви, додека сивите и многубојните одрази од екраните им поигруваа на лицата но никогаш не ги допираа навистина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Зјапав во тажните ливчиња магдонос на екранот и заради нешто ми се чинеше дека ќе умрам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)