Можеби е тоа жедта кон промената. Онаа иста жед со која жителите на Градот на постојаната есен го исчекуваат избивањето на лисјата, иако лисјето се раѓа жолто.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во жолтата пустина на есента го барам, она зазеленува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
- Сè што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)