жештина (имн.) - и (сврз.)

Не толку поради уморот предизвикан од далечината и жештината и одот низ видливата пустина на просторот, туку со неповратниот од низ пустината на времето. Tomorrow is the first day of the rest of your life.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Жештината и сушата не ја забележуваа само децата. Особено Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жештината и физичката работа му дадоа уште и изговор во попладнињата да им се врати на кусите панталони и на раскопчаната кошула.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сосема премалена од жештината и стравот, ги набљудував Индијците коишто ги набираа своите чела, ги кршеа рацете, воздивнуваа, ги подигаа веѓите во обликот на буквата W и ги камшикуваа Индијките со погледи полни темен копнеж.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)