живот (имн.) - таков (зам.)

Да имаме храброст да ја соголиме душата и да создадеме нешто креативно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сепак, јас сум таа која го одбра животот таков каков што е, јас сум таа која се пресели таму за да живее со тој човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Така е, брате. Каков што го наредил господ животов таков тој и ќе биде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите ние се раѓаме со предодреден ген и код, но умешноста на прифаќање на животот таков каков што е, е во способноста да се создаде внатрешна хармонија (да се биде во мир со самите себе), да бидеме способни за зрела љубов, да доживееме духовна и физичка интимност и блискост, да имаме почит кон себе и кон другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)