Биди господар на игра своја, господар на свои чувства и дејанија, кој на крајот од патот во животот свој нема да се запраша дали господар бил, туку со сигурност ќе знае, дека не потпаднал под туѓи влијанија.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Прави ново кино рај од животот свој, не бега кукавички од својата милост, не повредува намерно никој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Но, таа е полна со енергија и бесплатно држи часови по клавир кај свои пријатели, само колку да го одржува во живот својот музички талент.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кога ви кажував за животот свој, ви реков дека би сакал секој човек да биде самостоен како што сум јас.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А ти сега ни кажуваш дека сме избавени ако поверуваме во Радосната Вест и ако се покаеме.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И има ли прошка кога чиниш зло само затоа што ти е страв од уцена гнасна, само затоа што за животот свој се боиш? Но: колку вреди твојот живот без правда да вршиш?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе изградам црква црква ќе изградам си ветив на животот свој од плеќите ќе ја соѕидам од солзите ќе ја исклесам од устата ќе ја изустам таа црква Жизнена и Божја.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поседнати во сенките под широки стеблаци, загледани накај гумното си го гледаат животот свој: - Коњот врзан за стожерот се врти... се врти... се врти - сè така во кругот се врти - до крајот на јажето... Ди ! Ај! - Ди! Ај!...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
НАДЕЖТА: И ти си ми некаква сила судбино, го тераш човека да се откаже од сè што му е мило и да посегне по милиот живот свој.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Се сети на легендата според која еден штрк не одлетал со јатото, останал да го храни и да го одржува во живот својот татко кој не можел да одлета поради староста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Офелија го смета Хамлета за луд, вели дека “благородниот, возвишен ум сега наликува на напукнато ѕвоно”, а потоа и самата запаѓа во лудило.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
“Curced spite”, пеколната досада на овој свет, и неодгатливата тајновитост на животот својот највисок израз го наоѓаат во лудилото и во изигрувањето на лудило. okno.mk 231
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)