живот (имн.) - воопшто (прил.)

Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа треба да усвои слична улога и во поглед на културниот живот воопшто и за книжевноста посебно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Геј-мажите изгледа не ѝ припаѓаат на „култура“ во некоја така крупна смисла на тој збор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од, да речеме, Американците, тие не претставуваат општествена група што постојано се обновува себеси во сите поколенија по пат на сексуална репродукција и примарна социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според тие критериуми, оној вид на геј-култура што се стекнува дури во подоцнежниот живот воопшто не би се ни квалификувал како култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму затоа Џон Клам е толку скептичен: „Постои ли домородна геј-култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Гледаш, животот воопшто нема да ти се измени со тоа што мајка ти решила да пишува романи за деца.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А кога овој случај како симптом на длабоката фрустрираност на хрватската интелигенција ќе ги стекне сите одредници на законска појава, тогаш ни станува јасен и оној манично депресивен карактер на хрватскиот интелектуален живот воопшто, неговиот сите нам толку добро познат здодевен ритам: ...тапост - еуфорија - тапост..., па одново, еуфорија, ... па тапост... и така во бесконечност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)