Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури во почетокот на 19-иот век законите што ја забрануваат суровоста спрема животните стануваат дел од англо-американското право.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ќе бидат анализирани две категории закони: матичните закони што се однесуваат на работничките права и оние закони кои примарно обработуваат друга проблематика, но сепак вклучуваат одредби кои ги засегаат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
3 Приврзаниците на оваа правна школа акцентот 3. Најзначајни претставници на јусреализмот се: бискупот Бенџамин Ходли (Benjamin Hoadly), Оливер Холмс (Oliver Wendel Holmes Jr.), Џон Греј (John Chipman Gray), Џером Френк (Jerome Frank) и др.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Никому нема да му ја продаваме, никого нема да го одбиеме и за никој нема да се двоумиме да ја пружиме – правдата и правичноста. (Заклетва за должноста судија) Луцидната и прониклива римска идеја-водилка за примарното значење на тужбата како средство со кое се стигнува до целта, спомената во воведот на книгава, ќе ја споменеме и на крајов – бидејќи таа, за среќа, повторно воскресна во правните научни кругови кон крајот на XIX век, под влијание на англо- саксонската и американската правна традиција, во правецот на познатите т.н. правни реалисти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)