И многу не фалеа големците и само големи зборови ни псалеа за тоа дека сме многу храбри и нестрашливи, не чукаа по рамена и не прекинуваа да ни дробат - браво, браво, бре паликарја, Македонес...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Знаеш - продолжи несреќниот командант - во нашиот речник за сѐ што лошо ќе ни направи противникот, прв збор ни е - одмазда...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зборот ни се изменил, на друга должина ни отишол.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)