збор (имн.) - толку (прил.)

Мислите ѝ беа расфрлани, а зборовите толку многу оддалечени едни од други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не е на арно! - кој чул од него, кој од тие што го чуле, ама зборовите толку тежат што никој нејќе да ги преповторува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Постојано ме гледаше како да зборувам за некоја ситна, љубоморна женска караница, па можеби тој негов поглед ми ги правеше зборовите толку бесмислени и не ми дозволуваше да се оправдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само ја турнав чинијата за да ја оставам Маци да ја излиже, но уште пред да ја тргнам раката Маци ја подаде шепата за да ме гребне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За јавноста, Борхес страдаше од емфизем на белите дробови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес и Марија го напуштија Буенос Аирес во ноември 1985-та, откако со биопсија беше утврдено дека болеста е неизлечива.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ракот на црниот дроб кој на крајот го дотепа беше тајна што ја знаевме само јас, неговиот лекар и Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не стануваше збор толку за разорното дејство на времето, колку за напад на болест, како неговиот ум да продолжил да расте додека телото пропаѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)