Притоа кај Собранието на Р. Македонија (Комисијата за еднакви можности на жените и мажите), органите на државната управа, министерството за труд и социјална политика и единиците на локалната самоуправа е изречно наведена нивната должност да соработуваат со здруженијата на работодавачите, синдикатот, невладините организации и здруженија активни на полето на еднаквите можности со цел да обезбедат предлози и мерки за постигнување на целта на овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)