земање (имн.) - на (предл.)

Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според изјавите на некои луѓе, флешбекови се јавуваат дури и неколку дена по земањето на ЛСД, но тоа е повеќе на психолошка основа, отколку што е последица од земањето на дрогата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од овие документи се гледа дека половина час по земањето на мескалинот за Хаксли почнале да се отвораат, да ја употребиме Блејковата фраза, „вратите на чистата перцепција“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На клупата покрај Винстон се слушна земање на воздух и некакво мрдање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие исто така можат да го одредуваат начинот на кој се задоволува потребата за дрога - орално земање на метадонот, на пример, наместо инјекција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Британското искуство ги покажува недостатоците на овој систем. Само мал број лекари со посебни овластувања имаат право да препишуваат кокаин, дипипанон (еден многу јак наркотик) и хероин.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Три пати се обидела да изврши самоубиство со сечење на вените со скршено стакло или со земање на преголема доза седативи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)