Кафеаната се полни со луѓе. Запарност и чад луто му ги дразнат зениците и го скокоткаат грлото.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Доволно е само да го чувствува зракот од денот како поигрува во неговите зеници и како се плетка во мракот на неговата душа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Демек, кој мижел упорно немало да му се затворат зениците и шансата во очната мрежичка да ја зграпчи светлата иднина.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)