зрно (имн.) - засрамен (прид.)

Нурни во внатрешноста на сопствената урна Ќе видиш животец в куп собран Помалку вреден небаре грашок зрна Засрамен од вистината, со опаш подбран Погледни уште еднаш каде си втурнат, В одајче тесно, студено, мрачно Ништожно зар не, сознание мачно Но она што ќе ја одржи надежта бурна Читај го право оти е многузначно: – Од еден живот во некој друг идеш Самсарата ечи со чудни звуци Ако имаш среќа сакан да бидеш За тебе ќе зборат и твоите правнуци 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)