Совршена љубов без извинувања, барања, очекувања и последици.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Изворот е далеку да појде да се олади, но и кметот не остава да се оди додека се работи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Потребни ни се боите на виножитото и неколку животи за да ги претвориме во убавина сите мисли и чувства, а изворот е љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но, трпеливо треба да оставиме животот да не води по траговите на среќата, под небото, низ земјата, а чии извор е во нашите срца.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
По звукот, звукот предавник,
се препознава
- Вардар е надојден.
Изворот е изгубен однапред
за оној кој бега од изворот
- како реката.
Рамнодушна
спрема времето
спрема колективната несреќа
спрема личната карма
спрема сè
надвор од неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)