Изложбата почнува од една просторија со натпис „убавината на рамнодушноста“ - Дишанов израз за однесувањето за кое тој тврдеше дека го прифатил одбирајќи ги „редимејдите“, секојдневни предмети подигнати на ниво на уметнички дела само со моќта и вредноста на уметниковиот избор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Организирана хронолошки, изложбата почнува и завршува со варијации на растителни форми, мотив кон кој Бојс репетитивно се навраќал.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во внатрешноста на галериите, близу до една група од брзи цртежи кои Бојс ги користел како „партитури” okno.mk | Margina #15-16 [1995] 89 за своите перформанси, еден вид монитор го покажува уметникот како бесчујно, скоро ритуално ги распоредува делата околу една галерија во Антверпен, во еден перформанс од шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)