Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како навлегуваше во сивиот мрак, така му се изоструваа сетилата за мирис и слух: испарувањето од мочката на ноќните грабливки и од крвта на нивните последни жртви, трепетот на листот што паѓа и зуењето на невидливите инсекти не го оттргнаа од главната трага што ја следеше како извежбан загар.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)