Како дополнување на регуларните проекции што ќе се одржу ваат во музејската сала (со големите јаболково зелени столови на склопување, дизајнирани во доцните дваесетти од Марсел Бројер), Франсис има намера да прикаже и неколку филма од пораната продукција на Ворхол, како “Empire” (1964) на пример; во соседната сала ќе бидат изложени уметниковите слики со славните личности од шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Вака, размислувајќи за Енди Ворхол веќе не знам по кој пат, по повод отворањето на неговиот музеј, изненаден сум колку освежувачки и убаво изгледа неговата спокојна себичност гледано од тука - колку поучно и ефикасно изгледа неговата себе-промоција во овој посебен културен момент - кога толку многу амбиција извира од претенциозната машина на непристрасната доблест. (...)Колку прекрасно изгледа гледано оттука: една чудна птица како што е Ендрју Ворхола да има толкаво срце и волја, воден од силната желба - неразнишана од метадоблестите на високата култура, да работи толку упорно за да ја оствари својата единствена цел - да го направи светот безбеден за “Енди Ворхол”, l ‘homme nouveau.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ваквиот концепт има за цел да ја покаже врската и влијанието на Ворхоловите филмови во неговите слики и да ја истакне важноста на медиумот во “artists oeuvre”, но филмовите што Франсис ги одбра - со статични кадри - се формална инверзија на изложените слики и се карактеризираат со расположение што е антитеза на славната личност преставена на сликите веднаш тука покрај. (...)Франсисовата инсталација нема да биде од анти-хронолошки карактер како што изгледа на прв поглед; таа е дизајнирана така да го обработува делото на Ворхол повеќе како конгломерат на тематски целини што ќе бидат обработувани во засебни инсталации. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 151 Дејв Хикеј Институцијата Енди “Добро тогаш, ако е Фектори (фабрика), што произведува?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)