И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот.
А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај тоа, можеа да ги претворат геј-животот, геј-сексот и геј-културата во средишта на своето живеење и можеа да си го градат животот околу тие нови можности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
До интернетот имаше уште деценија-две, а мобилните телефони сѐ уште не беа ниту на повидок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со месеци или со години штеделе пари и најпосле се доселиле во големиот град, каде што разумните станарини во геј-маалата што се создаваа во некогашните етнички, работнички или постиндустриски делови им овозможуваа на луѓето како нив да се издржуваат работејќи како келнери или како медицински сестри, а, сепак, да живеат во урбан геј-центар – макар што можеби мораа да го делат станот со неколку цимери за да ја делат киријата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во голем број од тие друштвени окружувања, особено во сексуалните иснтитуции како што се баровите и бањите, сигурно ќе сретнеше секакви луѓе со кои никако не би се запознал во сопствените друштвени кругови, како и разни луѓе со кои не би ти ни паднало на памет самиот да се запознаеш, па и куп луѓе со кои никако не би сакал да те најдат ни мртов, да беше до тебе.
Ама не беше до тебе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)