И во овој грч се назира иронија и горчевина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Луан Старова мошне умешно владее со иронијата и магијата. (Magazine littéraire, No 354, mai 1997) Избор критички фрагменти за Времето на Козите (1993 ) - дваесет години од објавувањето - Во Времето на козите, уште од насловот, сме обземени од волшебноста на алегоријата која, со текот на раскажувањето, станува сѐ поопресивна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, истовремено е неизбежно, и е пример за анархично застранување, лизгање во двосмислености на значењета и евокациите, или, што е исто, за Дишановиот испрекинат и “спирален” автоматизам, кој се храни со иронијата и со случајноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги врзувам врвките на удобните обувки иронија и газам со нив по светнатиот патос на сарказмот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Како пластичен облик на индиференција, редимејд-от е парадигма за дефенестрацијата на Уметноста (со голема почетна буква), и на типот на вообразен уметник од 19-от век, а ова последното особено се однесува на Дишан.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)