Пополнувањето на работно место на давател на јавна услуга може да се изврши преку вработување или мобилности преку распоредување или преземање (чл. 11 од ЗИДЗЈП/фев.14), а кандидатот треба да ги исполнува следните услови: (1) да е државјанин на РМ; (2) активно да го користи македонскиот јазик; (3) да е полнолетен; (4) да има општа здравствена способност за работното место и (5) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (општи услови), а покрај овие услови кандидатот треба да ги и исполни и посебните услови: (1) да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место; (2) да има соодветно работно искуство потребно за работното место и (3) да поседува соодветни посебни работни компетенции потребни за работното место (чл. 12 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)