Тоа што остана од споменикот, темелите, после со динамит и со казми го доразурнаа војниците, а потоа ги собраа жителите на Потковицата и веселчанци и им заповедаа да ги однесат камењата каде и да е и што подалеку.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одиме полека и ни се чини дека го слушаме тивкото чекорење на босоногите мажи и жени кои со нарамени лопати и казми го пешачат својот крстоносен пат; дека ги слушаме гласните крикови и лелеци на болка на измачуваните во килерите на дреновските куќи; дека од шумата над Дреново допираат глуви истрели; дека засвирува и одеднаш се пресечува свирбата на кларинет...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)