Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одекнуваа клето неговите зборови од скршените камбани кои паѓаа од врвовите на црквите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)