- Од сојот на кучките - ме префтаса помеѓу гробовите гласот на Катерина. - Што наоѓаат кај неа мажите?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така, се случуваше да остават еден голем камен до кацата и јас ќе се качев на него бидејќи не можев да достигнам и ќе ги наполнев џебовите со сирење и ќе им дадев на моите браќа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На сличен начин од камен до камен доскокнував и јас преку истенчените летни води на далечната Брегалница за да втасам до другиот брег, но секогаш ќе стрефев барем еден нестабилен камен што ќе ме спростреше во водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
До што е корен и камен до што е далга и ноќ сум израснал . . .
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)