Небаре одвај чекал Горда да го остави сам и да се изгуби меѓу дрвјата покрај плажата, клинкајќи де на едната де на другата нога во соблекувањето, Грдан се стрча по лизгавите камења кон водата и се нурна уште во плиткото главечки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Србин чувствувајќи се како врапче во дланката на непроѕирната ноќ, потамина, сеќавајќи се на одмерувањата што со поглед ги правеше уште додека беше ден, фрли камче кон Шишмана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во сите примитивни заедници лекот бил ист за сите за кои се верувало дека биле опседнати од демонски сили – им ги продупчувале главите, за да излезе од нив демонот на лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дали фрлале со камења кон сонцето, мислејќи дека така ќе го изгаснат?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа го натера да побрза да го фрли и третото камче кон Шишмана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)