Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Онаа чешмичка горе сè уште цеди по некоја капка и таа го држи животот сосема да не папса, и она изворче во подножјето на онаа стрмна меѓа близу до реката.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Големиот бран знае дека е зачнат од една капка и дека секоја капка треба да се варди како античка убавина пред налетот на големите светски жеги.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)