Од самиот почеток на филмот гледаме двајца Просперовци, обајцата ги игра Гилгуд - едниот којшто го пишува текстот на драмата што ја гледаме и вториот којшто учествува во дејствието. (Сосема спротивно, Ариел го играат четворица актери на различна возраст.) Сценографијата, архитектонски каприци во духот на Hubert Robert и Ledoux, содржи колонадни атриуми, засводени премини, обелисци, пирамиди, дури и прецизна копија на Микеланџеловото скалило од Лоренцовата библиотека.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)